Анџелина Џоли и две од нејзините деца имаа кратка средба со папата Францис во Ватикан.

39-годишната актерка го посети Ватикан со цел лично да присуствува на приватно прикажување на нејзиниот нов филм „Unbroken“.

Заедно со Џоли биле две од нејзините деца – ќерките Шајло и Захара.


Преку соопштение за медиумите, Џоли изјавила дека е огромна чест што добила покана за да ја прикаже приказната за Луи Замперини во Ватикан и што ѝ била дадена можност да се сретне со поглаварот на Римокатоличката црква.
Пред важната средба, Џоли и нејзините ќерки биле фотографирани низ Рим.



