Папата Францис е „Личност на годината за 2013“ според познатото списание „Time“.
„Кога бакнува човек со изобличено лице или ѝ ги мие нозете на муслиманка, сликата одекнува подалеку од границите на католичката црква“ – со овие зборови уредничката Ненси Гибс го објаснила изборот на списанието.
Папата Францис за кратко време успеа да освои милиони срца со својата отвореност и скромност. Многу од неговите постапки во изминативе девет месеци наидоа на одобрување и пофалби. Пример за неговата скромност е тоа што одби да се вози со Mercedes-Benz со каков што патуваа претходните папи и се префрли на Renault 4 од 1984 година.
Вториот избор на списанието беше Едвард Сноуден, поранешен вработен во CIA, кого САД го обвинија за шпионажа. Сноуден моментално живее во Русија.