Kралицата Елизабета II ја прогласи Анџелина Џоли за почесна дама за нејзината хуманитарна работа против сексуалното насилство во воените зони и нејзината вклученост во британската надворешна политика.
Џоли беше одликувана лично од кралицата за време на приватна средба во Бакингамската палата.
На средбата во палатата Џоли ја придружувале Бред Пит и нивните деца, но тие не се вклучени во официјалните фотографии.
Во јуни годинава славната актерка и амбасадорка на канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) и британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг, беа домаќини на четиридневен самит во Лондон за запирање на сексуалното насилство за време на војна.