Почетна » Новости » Животни стории » 97-годишниот принц Филип, сопругот на Кралицата, удрил во автомобил со жени и бебе, но сите ја преживеаја несреќата

97-годишниот принц Филип, сопругот на Кралицата, удрил во автомобил со жени и бебе, но сите ја преживеаја несреќата

Принцот Филип предизвика сообраќајна несреќа, во која за среќа, никој не беше посериозно повреден. 97-годишниот сопруг на кралицата Елизабета со својот Land Rover удрил во автомобил со кој патувале две жени и бебе.

Според првичните информации, ниту едно лице не било во алкохолизирана состојба. Засега, како причина за незгодата се наведува тоа дека Филип бил моментално заслепен од сонцето пред да удри во другото возило.

Со оглед на тоа што џипот на Филип бил превртен и вратата на страната на возачот била заглавена, очевидците сметаат дека е чудо што тој поминал без повреди.

Принцот Филип Принцот Филип Принцот Филип

Откако бил извлечен од џипот, Филип веднаш побрзал да провери дали некој е повреден. Во другото возило патувале 10-месечно бебе, кое е неповредено, неговата мајка и друга жена која завршила со скршена рака и повреда на коленото.

Сообраќајната несреќа се случила во близина на кралскиот имот во Сандригем, каде моментално Филип закрепнува покрај кралицата Елизабета.

Принцот Филип

Несреќата поттикна многу дискусии за тоа дали треба лица во длабока старост да седат зад воланот.

Принцот Филип

Принцот Филип е во брак со британската кралица веќе 71 година. Во август 2017, тој одлучи да се повлече од јавниот живот и да се пензионира од кралските обврски.

Принцот Филип Принцот Филип

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21005 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.