Многу често таблоидите се полни со измислени стории за најпопуларниот холивудски пар. Најновата неточна вест се однесува на роденденскиот подарок на Џоли за Бред Пит.
Многу медиуми објавија дека Анџелина издвоила околу 20 милиони долари за да му купи на Бред Пит остров во форма на срце за 50. роденден. „Тоа не е точно. Не знам кој ги пишува тие приказни“ – изјавила Дона Масаро, ќерката на сопственикот на островот, за Patch.
Дона дополнила и дека Џоли никогаш не била на островот Петра, кој се наоѓа на околу 80 километри од Њујорк.
Џоли моментално се наоѓа во Сиднеј, каде го снима својот нов филм „Unbroken“. Деновиве таа беше фотографирана со малите Вивиен и Нокс за време на паузите од снимањето.