Анџелина Џоли и Бред Пит присуствуваа на прикажувањето на нивниот најнов филм „By the Sea“. Холивудскиот пар ги привлекуваше објективите на фото-репортерите на настанот кој се одржа во Њујорк.
Ова е втор заеднички филм на славните актери. Пред 10 години тие заедно глумеа во хитот „Mr. & Mrs. Smith“.
На прикажувањето на филмот, 40-годишната актерка шармираше во светло сина креација надополнета со блескав колан од Goossens Paris.


















Романтичната драма е напишана и режирана од Анџелина Џоли. Премиерата на новиот филм снимен во Малта ќе биде на 13 ноември.