Анџелина Џоли и Бред Пит ги поминуваат последните денови од годинава во Австралија. Холивудскиот пар беше фотографиран за време на семејна прошетка во Квинсленд.
Заедно со своите шест деца, 38-годишната актерка и 50-годишниот актер посетиле зоолошка градина во Голд Коуст.
На славното семејство им било дозволено да влезе во оддели на паркот кои се забранети за посетители, каде децата имале можност да си поиграат со болни животни. На фотографиите може да се види Пакс како држи мал кенгур во црвена „торба“.
Познатиот пар го користи секој слободен момент за дружба со своите деца Медокс (12), Пакс (10), Захара (8), Шило (7) и петгодишните близначиња Нокс и Вивиен.
Во изминативе месеци Џоли и децата престојуваат во Австралија, каде таа го снима најновиот филм „Unbroken“.