Анџелина Џоли и Бред Пит направија пауза од работните обврски за да им се посветат на децата. 49-годишниот актер допатува во Сиднеј за да помине повеќе време со Џоли и нивните деца.
Големото семејство беше фотографирано додека се релаксираше на јахта. Џоли и децата со задоволство позираа пред објективот на Пит.
Анџелина подолго време престојува во Австралија, каде го снима новиот филм „Unbroken“.
38-годишната актерка беше фотографирана од папараците и за време на посетата на книжарница во Сиднеј со Захара, Шило, Нокс и Вивиен.