Анџелина Џоли го заврши снимањето на новиот филм „Unbroken“ во Австралија, па големото семејство се врати дома.
Џоли и Пит беа фотографирани заедно со нивните шест деца по пристигнувањето на аеродромот во Лос Анџелес.
Само еден ден претходно, 38-годишната актерка и режисерка и 50-годишниот актер присуствувале на забавата по повод завршувањето на снимањето на филмот „Unbroken“, кој ја раскажува вистинската приказна за Луи Замперини, воен херој заробен и мачен од Јапонците за време на Втората светска војна. Џоли по вторпат влегува во улогата на режисерка.
Пред да влезе на забавата, популарниот холивудски пар не пропуштил и да ги поздрави своите обожаватели во Квинсленд.
Во изминативе неколку месеци Џоли престојуваше во Австралија, додека Пит го снимаше филмот „Fury“ во Велика Британија. Славниот пар се очекува да се појави на доделувањето на Оскарите на 2 март.