Анџелина Џоли и Бред Пит ја зголемија холивудската ѕвездена армија на AFI Awards во Беверли Хилс.
Славниот пар изгледаше лежерно и шик на манифестацијата на која им се оддава чест на најдобрите филмови и телевизиски серии за годината што изминува. Новиот филм на Џоли „Unbroken“ влезе во Топ 11 филма на годината.
На свечениот настан на AFI (Американскиот филмски институт), Џоли се појави во црно-бела комбинација од костум и кошула од Сен Лоран.
Меѓу гостите беше и Клинт Иствуд, чиј филм „American Sniper“ се најде на листата на најдобрите.