Анџелина Џоли и Бред Пит во екот на промовирањето на нивниот нов филм „By the Sea“, пронајдоа време за да снимат фотосесија за „Vanity Fair“. Славните актери го красат италијанското издание на реномираното списание.
Холивудските ѕвезди покажуваат дека се среќно заљубен пар на фотографиите направени од Петер Линдберг.



„Не велам дека сум единствената жена која Бред некогаш ќе ја погледне, но имам доверба во него дека тој ја разбира вредноста на семејството. Го сакам премногу. Тој е татко на моите деца, тој е еден од моите најдобри пријатели во животот и кога ќе погледнам во него, го гледам мојот сопруг, но исто така, ги гледам моите деца“ – изјави неодамна Џоли.





