Анџелина Џоли и Бред Пит мамеа воздишки во гламурозно издание на премиерата на нивниот најнов филм „By the Sea“. Славниот пар глуми заедно во романтичната драма напишана и режирана од самата Џоли.
40-годишната актерка и режисерка зачекори на црвениот тепих во Лос Анџелес во креација од високата мода на Версаче. Блескавиот фустан од италијанската модна куќа е декориран со илјадници сваровски кристали.



















Во „By The Sea“ Анџелина влезе во улогата на поранешна танчарка со име Ванеса, додека Бред глуми американски писател. Дејството се одвива во 70-тите години, кога парот се соочува со брачна криза. Погледнете трејлер: