Анџелина Џоли и Бред Пит присуствуваа на берлинската премиера на филмот „World War Z“.
49-годишниот актер го промовираше својот нов филм на 38. роденден на својата свршеница.
Џоли блескаше од среќа во бел пеплум фустан на Ralph & Russo со впечатлив колан со златен сјај.
По завршувањето на промотивните активности, парот го продолжи славењето заедно со своите шест деца. Големото семејство го завршило денот во јапонски ресторан.