Свиз Биц се гордее со убавината на својата сопруга и сака да го тоа сподели со сите. Популарниот рапер и продуцент сподели на Twitter две фотографии од Алиша Кис, притоа нарекувајќи ја „мојата Бонд девојка“.
На едната фотографија Алиша позира по бикини, покажувајќи ја својата тонирана фигура. „My Bond Girl:) 007 AK47“ – стои во описот на фотографијата на Свиз.
За да ја покаже природната убавина на 31-годишната пејачка, Свиз објави и фотографија на која Алиша лежи под сонцето, без ниту грам шминка. „007 on chill no makeup swag :)))) AK47)“ – напиша тој под втората фотографија.
Алиша и Свиз се во брак од јули 2010 година, а заедно имаат еден син.