Адријана Лима и Марко Јариќ присуствуваа на забава за време на Меѓународната изложба на бродови во Мајами.
32-годишната манекенка уживаше со својот сопруг на коктелот организиран од компанијата од која таа неодамна купи јахта за еден милион долари.
Облечена во нежен светло розов фустан и ниски сандали, Лима позирала на една од луксузните јахти.
Познатиот ангел на Victoria’s Secret и српскиот кошаркар ја добија својата прва јахта пред крајот на минатата година.