Мел Гибсон присуствуваше на премиерата на својот најнов филмски проект „Hacksaw Ridge“. 60-годишниот актер ја доби поддршката од својата 26-годишна девојка Росалинд Рос, која го придружуваше на прикажувањето на филмот во Сиднеј.
Рос е бремена со првото дете со Гибсон. Ова ќе биде деветто дете на холивудскиот актер кој има шест сина и една ќерка од бракот со Робин Мур и 7-годишна ќерка со Русинката Оксана Григориева.
Црната креација во која Росалинд зачекори на црвениот тепих, вешто го сокриваше нејзиното трудничко стомаче.







Мел позираше и со својата колешка Тереза Палмер.

Филмот „Hacksaw Ridge“, режиран од Гибсон, доби 10-минутен аплауз на Филмскиот фестивал во Венеција кој се одржа минатиот месец. Погледнете го трејлерот: