Мел Гибсон и Росалинд Рос беа меѓу гостите на галата „Heaven“ која изминатиот викенд се одржа во Лос Анџелес.
На хуманитарната свеченост, парот со задоволство позираше пред фоторепортерите.
63-годишниот актер и неговата 28-годишната партнерка пред две години го добија своето прво дете – синчето Ларс. Гибсон има уште осум деца од претходните врски – шест сина и една ќерка од бракот со Робин Мур и ќерка со Русинката Оксана Григориева.