Најновиот филм режиран од Мел Гибсон беше номиниран за Оскар во шест категории, меѓу кои и за Најдобар филм, па очекувано успешниот актер и режисер беше меѓу бројните холивудски ѕвезди на свечената манифестација во Беверли Хилс.
61-годишниот актер зачекори на црвениот тепих заедно со 26-годишната девојка Росалинд Рос, која само пред еден месец го донесе на свет неговото деветто дете.
Росалинд го роди синчето Ларс на 20 јануари, а веќе се врати во одлична форма. Ларс е прво заедничко дете на Мел и Росалинд.
Гибсон има уште осум деца од претходните врски – шест сина и една ќерка од бракот со Робин Мур и 7-годишна ќерка со Русинката Оксана Григориева.
Филмот на Мел „Hacksaw Ridge“ освои две златни статуетки, но за жал не успеа да победи во трката за Најдобар филм.
За време на кратко интерву на црвениот тепих, Гибсон на својот мобилен телефон ја покажа првата фотографија од синчето во мини костум.