Мел Гибсон присуствуваше на премиерата на својот најнов филм „Daddy's Home 2“. Холивудската ѕвезда ја доби поддршката од својата партнерка Росалинд Рос.
61-годишниот актер и 27-годишната писателка и актерка со широки насмевки позираа на црвениот тепих во Вествуд, Калифорнија.
Росалинд го роди деветтото дете на Мел на почетокот од оваа година. Нивното синче Ларс Џерард се роди на 20 јануари и беше тешко 2,4 килограми.
Гибсон има уште осум деца од претходните врски – шест сина и една ќерка од бракот со Робин Мур и 8-годишна ќерка со Русинката Оксана Григориева.