Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 61-годишниот Мел Гибсон по деветти пат стана татко, доби син со 26-годишната девојка

61-годишниот Мел Гибсон по деветти пат стана татко, доби син со 26-годишната девојка

Мел Гибсон на 61 година го доби своето деветто дете. Холивудскиот актер и 26-годишната Росалинд Рос му посакаа добредојде на овој свет на синчето, кое го доби името Ларс Џерард.

Среќната вест ја потврди извор близок на славниот пар. „Возбудени сме, Ларс е неодолив. Нивната фамилија е покрај нив и Мел блеска од среќа. Тие се дома и сите се здрави и среќни“ – изјавил изворот за People.

Мел Гибсон и Росалинд Рос

Бебето се родило на 20 јануари во Лос Анџелес и тежело 2,4 килограми. Ларс е прво заедничко дете на Мел и Росалинд.

Гибсон има уште осум деца од претходните врски – шест сина и една ќерка од бракот со Робин Мур и 7-годишна ќерка со Русинката Оксана Григориева.

Мел Гибсон и Росалинд Рос Мел Гибсон и Росалинд Мел и Росалинд Мел Гибсон и Росалинд Рос Мел Гибсон и Росалинд Рос

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19720 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.