Непосредно пред неговиот 58. роденден, Шон Пен уживаше на Хаваи со својата девојка Лејла Џорџ.
Славниот актер беше фотографиран од папараците на плажа заедно со 26-годишната актерка, со која е во врска од 2016 година.
Парот постојано привлекува внимание и коментари поради големата разлика во годините.
Холивудскиот актер беше оженет со Мадона од 1985 до 1987 година.
По нивниот развод, Шон започна да се состанува со актерката Робин Рајт, со која има две деца.
Во декември 2013 година Пен започна врска со Шарлиз Терон. Тие се верија во 2014 година, но објавија дека се разделија во јуни 2015 година.