Шарлиз Терон и Шон Пен се новата двојка во Холивуд која не ја крие својата љубов. Заљубениот пар заедно зачекори на премиерата на новиот филм на Терон, „A Million Ways To Die In The West“ во Вествуд, Калифорнија.
38-годишната актерка носеше проѕирен фустан од Кристијан Диор. Впечатливите црвени усни внесоа динамика и топлина во црниот стајлинг на Терон.
Во комедијата „A Million Ways To Die In The West“ Шарлиз ја има главната улога заедно со Сет Мекфарлејн, кој воедно е и режисер.
Шарлиз и Шон ја обелоденија врската во јануари годинава, а оттогаш се неразделни.