Нов холивудски пар го привлече вниманието на светската јавност поради разликата во годините. Шон Пен е во врска со Лејла Џорџ.
56-годишниот актер беше фотографиран со 24-годишната девојка на плажа на Хаваи.
Фотографиите поттикнаа многу коментари, бидејќи младата австралиска актерка е само една година помлада од ќерката на Пен, Дилан Пен.
Лејла е ќерка на актерот Винсент Д’Онофрио, кој е само една година повозрасен од Шон.
Шон претходно беше во врска со Шарлиз Терон.