Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: 10-годишниот син на Дејвид и Викторија Бекам стана модел

ФОТО: 10-годишниот син на Дејвид и Викторија Бекам стана модел

Ромео Бекам ги направи првите чекори во светот на модата. 10-годишниот син на Викторија и Дејвид Бекам е ѕвездата на новата кампања на британскиот моден бренд „Burberry“.

Кампањата за сезоната пролет/лето 2013 е снимена од славниот фотограф Марио Тестино.

РомеоРомео Бекам

Малиот Ромео бил лично избран од креативниот директор на „Burberry“, Кристофер Бејли. „Многу се забавувавме снимајќи ја кампањата и мислам дека тоа се гледа на фотографиите, кои навистина го рефлектираат оптимистичкиот дух на колекцијата“ – изјавил Бејли.

Во кампањата учествуваат уште и Еди Кембел и Чарли Франс.

Ромео, Чарли и ЕдиРомео, Чарли и Еди

Дејвид и Викторија заедно со трите сина Бруклин (13), Ромео (10) и Круз (7) минатата недела се појавија на премиерата на мјузиклот „Viva Forever“. Дејвид и момчињата носеа костуми од „Burberry“.

Дејвид и Викторија со трите синаДејвид и Викторија со трите сина

Погледнете и видео од кампањата на Ромео:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19725 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.