Откако блескаше во креација од Том Форд на Оскарите, Џенифер Лопез промени уште еден стајлинг со кој привлече лавина комплименти.
49-годишната пејачка и актерка изгледаше феноменално во креација од високата мода на Зухаир Мурад на забавата на Vanity Fair, организирана по повод доделувањето на престижните статуетки.
Впечатливата креација е дел од колекцијата „Aquatic Serenade“ на либанскиот дизајнер, а е инспирирана од подводниот свет. Својот моден избор, Џеј Ло го надополни со сини сандали и црна чантичка.
Алекс Родригез ја придружуваше својата сакана на луксузната свеченост.