Гвинет Палтроу и Крис Мартин се пример за успешно ко-родителство. И покрај тоа што се разведени веќе три години и имаат нови партнери, 47-годишната актерка и 42-годишниот пејач редовно одат заедно на летување и на зимување за доброто на нивните две деца.
Поранешните партнери, кои беа во брак 10 години, деновиве беа фотографирани заедно во снежниот Аспен, каде престојуваат со ќерката Епл и синот Мозес, како и со нивните сакани.
Гвинет беше фотографирана со новиот сопруг Бред Фалук, додека Крис уживаше во друштвото на девојката Дакота Џонсон.
Гвинет и Крис се разделија во 2014 година и уште тогаш изјавија дека ќе останат пријатели. „Ние сме и секогаш ќе бидеме семејство, на многу начини сега сме поблиски одошто сме биле кога било досега. Прво и најважно ние сме родители на две неверојатно прекрасни деца“ – пишуваше во нивната порака.
Нивниот развод беше финализиран во 2016 година.
Познатата актерка стапи во брак со Фалук во 2018 година, а започна да се состанува со него кратко по разделбата со Крис.