Гвинет Палтроу и Крис Мартин станаа сопственици на нов луксузен дом. Според порталот TMZ, познатиот пар купи луксузен имот во близина на Лос Анџелес за сума од 10.450.000 долари.
Куќата, која е дело на познатата архитектка Виндзор Смит, вклучува 6 спални соби и 8 бањи, а била изградена минатата година.
Неколку познати дизајнери го покажаа својот талент преку уредување на ентериерот на големата куќа, погодна за семеен живот.