Гвинет Палтроу и Крис Мартин се пред развод. Славниот пар одлучи да стави крај на брачната заедница која ја формираше во 2003 година.
По неколкумесечни шпекулации за проблемите во нивниот брак, 41-годишната актерка и 37-годишниот фронтмен на Coldplay објавија заедничко соопштение за разделбата.
На блогот на Гвинет тие напишаа дека вложиле многу труд за да останат заедно, но дека сепак на крајот одлучиле секој да тргне по свој пат. „Ние сме и секогаш ќе бидеме семејство, на многу начини сега сме поблиски одошто сме биле кога било досега. Прво и најважно ние сме родители на две неверојатно прекрасни деца“ – пишува во пораката.
Гвинет и Крис се запознаа во октомври 2002 година, а една година подоцна стапија во брак. Имаат две деца – ќерката Епл и синот Мозес.