Фахрие Евџен и Бурак Озчивит пред само неколку дена станаа родители, а славниот турски пар денес си замина дома со првото дете.
Локалните медиуми ја пречекаа двојката пред приватната болница во која Фахрие се породи.
32-годишната актерка накратко им одговори на новинарите дека сè поминало прекрасно и дека нејзиниот сакан бил покрај неа за време на породувањето.





Новороденото момче го доби името Каран, а на фотографиите се гледа дека Фахрие веќе носи накит со неговото име.



Ова е прво дете на Фахрие и Бурак кои се верија во март 2017 година, а стапија во брак во јуни истата година.
