Фахрие Евџен наполни 35 години.
За роденденската прослава во домашна атмосфера, турската актерка доби торта направена од нејзиниот сакан Бурак Озчивит. Славниот актер, познат по улогите во сериите „Карасевда“ и „Величествениот“, сподели неодоливи фотографии од Фахрие и нивното синче Каран.
Во пораката, тој ѝ посака на славеничката многу години исполнети со здравје и среќа.
Фахрие и Бурак се верија во март 2017 година, а стапија во брак во јуни истата година.