Фахрие Евџен и Бурак Озчивит ја дочекаа новата година во друштво на малото синче.
36-годишната актерка и 38-годишниот актер споделија фотографии со 3-годишниот Каран, кој спие во прегратката на татко си.
„Нека 2023 биде година која доаѓа со здравје и мир“ – стои во описот кај Озчивит. Парот го очекува своето второ дете.
Фахрие кај нас се прослави со улогата на Неџла во „Кога лисјата паѓаат“, додека Бурак глумеше во повеќе турски серии меѓу кои „Величествениот“ и „Карасевда“.
Тие се венчаа во јуни 2017 година. Нивното синче се роди во 2019 година, а сега го очекуваат нивното второ дете.