Синчето на Бурак Озчивит и Фахрие Евџен порасна и за кратко време ќе наполни три години.
Згодниот турски пар постојано споделува фотографии од малиот Каран на неговиот личен профил на Instagram, каде има речиси 300.000 следбеници.
На најновите фотографии, Бурак и Каран позираат со црвено Ферари. „Тркачкиот тим“ – пишува во описот.
Фахрие претходно имаше објавено фотографии од заедничките зимски авантури.
Фахрие и Бурак се познати по повеќе улоги во турски серии. Тие стапија во брак во 2017 година, а Каран се роди во април 2019 година.