Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Трогателно видео: Селин Дион страда од спазми додека се бори со синдром на вкочанета личност

Трогателно видео: Селин Дион страда од спазми додека се бори со синдром на вкочанета личност

Селин Дион со сите сили се бори со страшните напади кои ги има поради синдромот на вкочанета личност.

56-годишната пејачка веќе извесен период јавно зборува за симптомите, а сега објави и видео во кое доживува серија на мускулни спазми и не може да мрда и да зборува.

Трогателната снимка е дел од документарниот филм кој Селин го снима за својот живот и борбата со болеста, а е насловен „I Am: Celine Dion“.

Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион

Дион вели дека дава сè од себе за да се избори со симптомите, бидејќи нејзините синови веќе изгубија еден родител.

„Едвај можев да одам во еден момент и моите деца го забележуваа тоа. Тие веќе изгубија еден родител, не сакав да бидат уплашени“ – изјавила Дион. Нејзиниот сопруг и татко на нејзините деца, Рене Анжелил, почина во 2016 година по долга битка со ракот.

Селин Дион Селин Дион Селин Дион

Синдромот на вкочанета личност (Stiff Person Syndrome), кој ги претвора луѓето во живи статуи, е ретка невролошка болест со карактеристики на автоимуно заболување. Симптомите вклучуваат мускулни грчеви, неможност за наведнување, болка и хронична анксиозност. Мускулните грчеви можат да бидат толку силни што да доведат до изместување на зглобови и дури и кршење на коските. Пациентите може да завршат во количка или да бидат неподвижни, често не можат да работат и да се грижат за себе.

Нема лек за овој синдром, но постојат третмани кои помагаат за ублажување на симптомите.

Селин Дион

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19781 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.