Лиам Пејн почина по трагичен инцидент. Ѕвездата на One Direction го изгуби животот по пад од балкон на хотел во којшто престојувал во Буенос Аирес. Засега нема официјални информации за околностите кои довеле до смртта.
„За жал, повредите кои ги доби како резултат на падот беа фатални. Немаше можност за негово реанимирање“ – изјавил претставник на екипата која пристигнала на местото.
Непосредно пред ужасниот исход, Пејн бил видно вознемирен и насилен во лобито на хотелот. Според очевидци, тој го скршил лаптопот и со придружба бил однесен во неговата соба.
Пред неколку дена, поранешната вереница Маја Хенри правно иницирала процес да запрат каков било контакт меѓу нив, бидејќи тој опсесивно се обидувал да ја контактира, дури и преку нејзини блиски. Не е утврдено дали тоа е причината за неговото однесување.
Пејн има дете со пејачката Шерил Кол, а во изминатиов период беше во врска со Кејт Кесиди.
Неговиот престој во Аргентина беше по повод концерт на поранешниот колега од One Direction, Најл Хоран.