Кога би можеле да избирате, со која славна личност би сакале да стапите во брак? Списанието My OK! Wedding им го постави тоа прашање на своите читатели.
Резултатите покажале дека најпосакувана славна личност за сопруга е ѕвездата од „Black Swan“, Натали Портман, која во моментов е бремена со своето прво дете. Натали е попосакувана за сопруга од Меган Фокс, која остана втора на листата и од Кети Пери, која се најде на третото место.
Од друга страна, најнепосакувана за сопруга е Ејми Вајнхаус. Познатата пејачка со своите проблеми со алкохолот и дрогата воопшто не е партнерка од соништата. Меѓу најнепосакуваните уште се најдоа и проблематичната Линдзи Лохан, Бритни Спирс, Лејди Гага и Мадона.
Од мажите, најнепосакуван разбирливо е Чарли Шин, кој во последно време ги полни таблоидите со своите скандали со дрога и порно ѕвезди. На второ место најнепожелен е Мел Гибсон со својата „валкана“ уста, а на трето Том Круз.
Принцот Хари, тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер и „вампирот“ Роберт Патинсон биле посочени како најпосакувани брачни партнери.
Еве ги и комплетните листи: