По повод празникот на љубовта Св. Валентин, интернет сајтот omg! Yahoo направи анкета за да дознае со кои славни личности луѓето најмногу и најмалку би сакале да излезат на Св. Валентин.
Од славните личности од понежниот пол, најнепосакувана излезе популарната Снуки од серијата „Jersey Shore“. Според резултатите, втора по ред ѕвезда со која посетителите на сајтот не би сакале да излезат на Св. Валентин е Парис Хилтон.
Анкетата покажала дека дури третина од посетителите би го сметале за кошмар излегувањето со Џастин Бибер за Св. Валентин. Ваквиот резултат можеби ќе ги изненади обожавателките на 16-годишниот пејач, но бидејќи анкетата била спроведена со учество на лица од 18-64 години, резултатот е сосема логичен.
Учесниците побрзо би го имале за свој партнер Чарли Шин или Мел Гибсон, отколку Џастин Бибер.
Џенифер Анистон и Анџелина Џоли биле поставени на врвот на листата на женски славни партнерки од соништата.
Од мажите пак, Џони Деп и Бред Пит биле најпосакувани партнери за романтичната вечер.
Интересно е што лезбејките за своја партнерка најмногу ја посакуваат Анџелина Џоли, а хомосексуалците за омилен партнер – Рајан Рејнолдс.
„Титаник“ бил избран за најдобар филм за гледање по романтичната вечера за Св. Валентин. Втор најпопуларен избор за филм бил „The Notebook“.