Ќерката на Новак и Јелена Ѓоковиќ наполни три години.
За да ѝ го честитаат роденденот на нивната мала принцеза, 33-годишниот тенисер и неговата 34-годишна избраничка споделија фотографии и пораки на Instagram. Како и секогаш, лицето на девојчето е скриено, бидејќи и двајцата се трудат да ја зачуваат приватноста на нивните деца подалеку од очите на јавноста.
„Среќо и љубов наша, среќен роденден. Фала ти што ни носиш светлина и радост во животот со твоите насмевки. Ти си нашиот ангел и благословени сме што те имаме во животот. Те сака Тато“ – напиша Ноле во описот на фотографија на која се прегрнува со Тара.
Јелена објави фотографија на која ја прегрнува ќерката на плажа и напиша: „Фала ти што нè избра нас мила моја радоснице. Среќен 3-ти роденден“.
Јелена многу внимава на едукацијата на нејзините деца и обожава да им чита. Пред три дена таа сподели видеа во кои читаат и раскажуваат со Тара.
Јелена и Ноле се заедно од 2005 година, а во јули 2014 година стапија во брак во Црна Гора. Заедно имаат уште еден син, Стефан.