Новак и Јелена Ѓоковиќ снимија забавно видео во кое го пресоздадоа својот прв состанок.
Видеото е снимано од перспектива и на Јелена и на Новак и ги истакнува разликите во нивните спомени за средбата која се случила пред околу 10 години. Славниот тенисер не успеал да ја импресионира привлечната Србинка ниту со тоа што избрал да излезат во спортски бар, ниту со изборот на храната. Имено, не знаејќи дека станува збор за специјалитет со живо месо, Новак нарачал тартар бифтек.
Видео
„Првиот состанок со мојата сопруга е врвен момент во мојот живот, оброк кој ме промени засекогаш. Снимањето на приказната на нашиот прв состанок беше многу забавно, искрено се вратив во времето кога бев 18-годишник со трема кој седеше спроти најпрекрасната девојка која сум ја видел, жената која сега е моја сакана сопруга и мајка на нашиот мал син, Стефан“ – изјавил Новак.
Видеото е снимено во рамките на кампањата „Made By“ на брендот Jacob's Creek.