Новата реклама на Тејлор Свифт за брендот CoverGirl може да се опише со зборот гламурозна.
Облечена во блескаво златни тоалети - една куса и една долга, 21-годишната кантри пејачка ги кани гледачите да ја пробаат новата колекција NatureLuxe. Иако најчесто Тејлор цели да биде слатка, во оваа реклама многу повеќе се стреми да постигне секси изглед.
Како заштитно лице на брендот, пред три дена Тејлор присуствуваше на прославата на CoverGirl по повод 50-годишното постоење на пазарот.