Викторија Бекам неспорно се гордее со своето семејство. Славната дизајнерка редовно споделува фамилијарни фотографии од децата и нејзиниот сакан, на огромна радост на нејзините фанови.
Така, таа привлече огромен број на коментари откако објави фотографија на која Дејвид е опкружен со нивните четири деца – Бруклин, Ромео, Круз и Харпер.

Викторија и Дејвид, кои се во брак 17 години, постојано потенцираат дека семејството им е врвен приоритет во животот. „Мојот приоритет секогаш е семејството и Викторија и секогаш се трудам да бидеме со децата. Работиме напорно, но семејството доаѓа на прво место“ – вели поранешниот фудбалер.





