Веќе е официјално – Стив Мартин и Алек Болдвин ќе бидат водители на 82-то доделување на Оскарите догодина.
За Стив Мартин (64) ова не е ново искуство. Тој веќе беше домаќин на доделувањето на престижните награди во 2001 и 2003г.
„Многу сум среќен што ќе ја делам сцената со мојот непријател Алек Болдвин“ – изјави Стив.
Според Болдвин, да бидеш домаќин на манифестација како Оскарите, е прилика каква што се добива многу ретко во животот.
Продуцентите сметаат дека Болдвин и Мартин се идеален пар и сметаат дека двата откачени актери взаемно ќе се надополнуваат на сцената. Големото шоу ќе се случи на 7 март на сцената на големиот театар „Кодак“ во Холивуд.