Алек Болдвин вчера ја доби 2433-тата ѕвезда на познатата холивудска Патека на славните.
52-годишниот актер со гордост го прими признанието и изјави дека е најсреќен што неговата ќерка со Ким Бесинџер ќе може да се пофали дека и двата нејзини родители имаат добиено ѕвезда.
Болдвин не заборави да се заблагодари на екипата од серијата 30 Rock и на неговата шефица Тина Феј, коишто ја „воскреснаа“ неговата кариера.
„Телевизиското шоу што го правам во моментов е најдоброто мое искуство досега“ – изјавил Болдвин, кој за серијата има добиено две Еми награди.
Во текот на својата богата кариера, Алек Болдвин се има појавено во преку 40 филма и има добиено 3 награди Златен глобус и 4 SAG награди.