Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Срцето ми е скршено“: Девојката на покојниот Лиам Пејн сподели дека тој планирал да стапи во брак со неа

„Срцето ми е скршено“: Девојката на покојниот Лиам Пејн сподели дека тој планирал да стапи во брак со неа

Кејт Кесиди се огласи на социјалните мрежи една недела по смртта на Лиам Пејн на 31-годишна возраст.

25-годишната блогерка, која две години беше во врска со пејачот од One Direction, сподели албум со заеднички фотографии. На една од нив е фотографирана белешка која тој ѝ ја дал недели пред смртта, а на која се запишани неговите планови да се ожени со неа.

Кејт Кесиди Кејт Кесиди Кејт Кесиди Кејт Кесиди

Не знам дури ни од каде да започнам. Срцето ми е скршено на начини кои не можам да ги опишам со зборови. Посакувам да можеше да видиш колку големо влијание имаше во светот, дури и сега кога сè е темно. Донесе многу среќа и позитивност за сите – милиони фанови, твоето семејство, пријателите, особено за мене. Ти си неверојатно сакан.

Ти си, затоа што не можам да речам беше, мој најдобар пријател, љубовта на мојот живот и сите кои ги допре се чувствуваа специјално како мене. Твојата енергија беше заразна. Ништо од ова како да не е реално и не можам да ја прифатам оваа нова реалност да те немам тука. Се мачам да сфатам како ќе живеам на овој свет без тебе покрај мене. Заедно, повторно бевме деца и секогаш наоѓавме радост во најмалите нешта.

Чувствувам како да загубив дел од мене... Пред неколку недели, една убава ноќ седевме надвор, замислувајќи го нашиот заеднички живот. Ја чувам блиску белешката од тебе, иако ти ми рече да не ја гледам. „Да се оженам со Кејт во период од една година/верени и заедно засекогаш 444“. Лиам, знам дека ќе бидеме заедно засекогаш, но не на начинот на кој планиравме. Секогаш ќе бидеш со мене. Добив ангел-чувар.

Ќе те сакам до крајот на животот, носејќи ги нашите соништа со мене секаде каде што ќе одам. Засекогаш твоја, Кејтлин 444.

Кејт Кесиди Кејт Кесиди Кејт Кесиди Кејт Кесиди

Кејт ја напушти Аргентина и се врати во САД два дена пред смртта на Лиам. Претходно, тие заедно отпатуваа во Буенос Аирес за концертот на поранешниот колега од One Direction, Најл Хоран. Парот требало да престојува таму само 4 дена, но Лиам одлучил да го продолжат престојот.

Кејт Кесиди Кејт Кесиди Кејт Кесиди Кејт Кесиди

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.