Рајан Гослинг и Ева Мендес се решени да го зачуваат својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, но папараците понекогаш споделуваат со светот дел од нивните семејни моменти.
Популарниот пар беше фотографиран додека се забавуваше со малите ќерки во парк. 36-годишниот актер ја држеше во рацете 2-годишната ќерка Есмералда, додека 43-годишната актерка ја носеше 13-месечната Амада.








Во изминативе денови Рајан во неколку наврати беше „уловен“ со поголемата ќерка.










Рајан и Ева се во врска од 2011 година.