Викторија Бекам ретко можете да ја видите насмеана на свечените настани, но кога е со семејството, таа не може да си ја скрие насмевката.



42-годишната дизајнерка беше фотографирана во Источен Лондон со 5-годишната ќерка Харпер и со два од своите синови, 11-годишниот син Круз и 13-годишниот Ромео. Четворицата членови од семејството Бекам изгледаа среќно додека чекореа и се фотографираа по лондонските улици.
Облечена во црвено фустанче од Cloe, малата Харпер се забавуваше потскокнувајќи пред своите браќа.







Неодамна, странските медиуми соопштија дека Харпер започнала да тренира во Англискиот национален балет.








