Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ се на празнично патување во Грција.
Славниот српски пар сподели фотографии и видеа од нивната посета на Атина, атинскиот Aкропол и ридот Ликавитос.
35-годишната пејачка и 39-годишниот актер ја прославија Нова година во хотелот Палас. Шармантната музичка ѕвезда, која изгледаше гламурозно во блескава креација, имаше и свој настап на новогодишната ноќ.

Јелена и Иван стапија во брак во 2011 година и заедно имаат една ќерка.