Јелена Томашевиќ доби уште едно признание за својот талент. Таа беше прогласена за Пејачка на годината од страна на белградското Naxi Radio.
На синоќешниот настан во Белград, 39-годишната пејачка беше придружувана од сопругот Иван Босиљчиќ.
Примената награда, Јелена му ја посвети на својот татко, кој почина пред неколку дена.
„Ви благодарам драги мои! Оваа награда ми доаѓа во вистинскиот момент! Naxi ѕвездата за пејачка на годината ја посветувам на мојот татко!“ – напиша Јелена.