Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ беа едни од славните гости на вториот ден од Филмскиот фестивал во Сараево.
Познатиот српски пар присуствуваше на прикажувањето на филмот „Egy nap“ што во превод значи „Еден ден“.
На црвениот тепих, 34-годишната пејачка шармираше во елегантен фустан кој доаѓа од ателјето на дизајнерката Тијана Тодоровиќ.
Јелена и Иван стапија во брак во 2011 година и заедно имаат една ќерка.