Јелена Томашевиќ одржа спектакуларен концерт во Комбак арената во Белград.
38-годишната српска пејачка буквално блескаше на големата сцена. Шармантната музичка ѕвезда пееше и ја забавуваше публиката облечена во светкава креација од ателјето на дизајнерката Тијана Тодоровиќ.
Јелена доби поддршка од нејзиниот сопруг Иван Босиљчиќ и нивната ќерка Нина кои заедно пристигнаа на настанот.