Холзи се соочува со здравствен предизвик, кој досега го криеше од своите фанови.
29-годишната пејачка сподели дека има сериозна болест и на Instagram сподели видеа од лекувањето. Таа не ја откри точната дијагноза, но се претпоставува дека се работи за лупус и леукемија, бидејќи во својата објава ги означи Алијансата за истражување на лупусот и Друштвото на леукемија и лимфома.
„Среќна сум што сум жива“ – напиша славната музичарка во постот со кој ја најави новата песна „The End“ од албумот кој самата го напишала.
„Се чувствувам како старица. Си реков себеси дека ќе си дадам уште две години за да бидам болна. На 30 години ќе се преродам и нема да бидам болна, туку ќе изгледам атрактивно и ќе имам многу енергија, ќе ги повторам моите 20-ти и 30-ти години“ – вели Холзи во едното видео.
Во следното видео, Холзи покажува кадри од првиот ден од медицинскиот третман.
Холзи стана мајка во јули 2021 година по борба со ендометриозата и спонтан абортус.